Кај нас е регистриран случај на девојка која има 28 години со таков тромботичен ефект кој се поврзува со примена една доза на вакцината „Астра Зенека” во Србија. Таа од вчера е на болничко лекување. Тромботичниот ефект се јавил шест до седум дена после вакцинацијата. Не се констатирани претходни заболувања, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
за ,,Фокус” министерот за здравство Венко Филипче изјави дека не е во животозагрозувачка состојба.Појаснува дека во конкретниот случај, настанала тромбоза на вената на едното око. Додава дека девојката немала хронични болести.
Филипче вели дека по случувањата во Данска, Германија и Канада, каде што е прекинато вакцинирањето со Астра зенека, нашите здравствени власти одлучиле „да бидат внимателни и да одат полека но сигурно“ и ќе чекаат дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна, најавувајќи дека директно ќе се обратат и до германското Министерство за здравство во врска со компликациите и што понатаму. Тој објасни дека тромботична реакција како резултат на вакцината Астра зенека се јавува кај помлади луѓе, но се работи за исклучително мал број од 1 на 120 илјади до 1 на милион случаи, но вели, сакаме да бидеме претпазливи.
Граѓаните кои веќе ја примиле вакцината во Србија не треба ништо превентивно засега да прават. Сериозни компликации се исклучително ретки и кај нив исто така нема простор за паника.
Во однос на граѓаните што се вакцинираа во Србија, рече дека ќе бидат ревакцинирани во согласност со препораките што се очекуваат во следниот период.