Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција во 14.00 часот ќе соопштат каква е одлуката на Владата во однос на новите предложени рестриктивни мерки.
Комисијата за заразни болести утринава предложи засилување на антиковид-мерките, според новиот предлог, од утре полицискиот час наместо во 22 часот ќе почнува во 19 или 20 часот, и сосема е извесно дека Владата ќе донесе таква одлука.