Германскиот претседател се вакцинираше со АстраЗенека


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер (65) денеска ја прими првата доза вакцина против коронавирус на производителот „Астра Зенека“.

„Верувам во вакцините кои се одобрени во Германија. Вакцинацијата е клучна за излез од пандемијата. Искористете ги можностите што ви се даваат”, се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

Германските здравствени власти во вторникот одлучија вакцината на „Астра Зенека“ да не ја даваат на лица помлади од 60 години.

Причината, како што појаснуваат, е нова загриженост за згрутчување на крвта кај мал број од оние кои ја примиле таа вакцина.

Досега во Германија се дадени 2,7 милиони дози од вакцината на „Астра Зенека“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1