Македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија.
Навивачите кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет влез поради Ковид-19.
„Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.
Натпреварот меѓу Холандија и Македонија се игра на 21. јуни.