НОВАК се врати од Австралија – СЛЕТА ВО БЕЛГРАД


Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по двонеделната сага во Австралија, денеска околу пладне слета на аеродромот во Белград.

На аеродромот Никола Тесла каде што пристигна со лет од Дубаи, го пречекаа многу поддржувачи и околу 30 телевизиски екипи.

Ти се нашиот шампион, извикуваа присутните на аеродромот.

11 дневната сага во Австралија резултираше и со забрана за првиот светски рекет во наредните три години да влезе во земјата, иако не е исклучена можност тој порано да добие право за тоа.

Во меѓувреме, за Ѓоковиќ стигнаа и лоши вести од Франција. Министерката за спорт, како што пренесоа француските медиуми, одлучила дека вакцината ќе биде задолжителна за сите спортски настани во земјата, што би значело и дека српскиот тенисер не би можел да настапи на Ролан Гарос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1