Дронот што падна во Загреб навлегол од унгарскиот воздушен простор со брзина од 700 километри на час


Сите надлежни служби беа вклучени веднаш по падот на беспилотно летало од воен тип, кое според досега собраните податоци, навлезе во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад, односно од унгарскиот воздушен простор, со брзина од 700 км/ч на височина од 1300 метри.

„Во тек е криминалистичка истрага во соработка меѓу криминалистичката полиција и воената полиција, а се преземаат и други мерки за координација на безбедносниот и одбранбениот систем, вклучително и меѓународната соработка, особено со НАТО, за да се утврдат сите околности “, велат од хрватската влада, а пренесува порталот индекс хр.

Никој не настрада во рушењето на мистериозно летало во текот на минатата ноќ во Загреб, а тоа го потврди градоначаникот Томислав Томашевиќ.

Томашевиќ заедно со премиерот Андреј Пленковиќ разговараше за мистериозното летало, кое падна во градот и остави голем кратер.

„Знаете веќе дека станува збор за летало. Деловите од него се на повеќе локации. Никој не настрада и тоа е среќа во несреќа. Станува збор за релативно големо летало. Надлежното министерство ќе ѝ се обрати на јавноста, а засега нема информација за експлозивни елементи. Зборував со премиерот и разменивме информации од каде може да пристигне. Вакво нешто досега не сме виделе во Загреб, никогаш не се случило“, вели Томашевиќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1