Скопјани пијат чиста и квалитетна вода – анализа на водата за пиење


Град Скопје и ЈП Водовод и канализација ги информираат скопјани дека, според анализите направени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, пијат чиста и квалитетна вода.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.04.2022 до 15.04.2022 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје.

Добиените резултати од испитувањата на сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Д.П

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1