Коце Трајановски нов в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта


Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски е назначен за вршител на должноста на Јавното претпријатие за државни патишта откако новиот Управен одбор го разреши досегашниот директор Ејуп Рустеми.

Трајановски беше избран за градоначалник на Скопје во 2009 година и оваа функција ја извршуваше до 2017 година кога функцијата прв човек на град Скопје ја презеде Петре Шилегов. Трајановски ја извршуваше и функцијата градоначалник на Гази Баба до 2005 година. 

Досегашниот директор на ЈПДП Рустеми на оваа функција беше од 2020 година.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1