(ВИДЕО)Кој се е уапсен во големата акција за проневера во ЕСМ – Ексдиректорите Ковачевски и Стефанов, не се во државава


Големата акција на полицијата и ОЈО ГОКК од утринава во неколку градови во земјава резултираше со апсење на над 20тина лица, меѓу кои и поранешни директори во РЕК Битола и ЕСМ. Меѓу соомничените е и Васко Ковачевски, но тој според информациите е надвор од земјава уште од октомври.

„ Васко Ковачевски не е во државата подолго време, но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата“ , рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за уапсените во денешната акција поради сомневање за 6,5 милионски криминал во „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“ со злоупотреби на јавните набавки.

Министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност го известиле премиерот дека во случајот на ЕСМ и РЕК „Битола“ се работи за организирана група на високи претставници на компанијата, кои се здружиле, и постои сомневање дека направиле криминал тежок повеќе од 6,5 милиони евра.

„Многу докази се најдени, но тоа ќе му го оставам на Обвинителството, понатаму на судовите, нели мора да веруваме на пресумпцијата на невиност, но она што е најдено е навистина загрижувачки“, рече премиерот Мицкоски.

 Според сомнежите, осомничените кај кои биле направени претреси и биле пронајдени над 130.000 евра во кеш, извршиле криминал со јавни набавки за адитиви за РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино..

Покрај Ковачевски, имињата кои се истакнуваат меѓу осомничените се и Васко Стефанов, исто така поранешен директор на ЕСМ, кој со поранешениот шеф на РЕК Битола Пеце Матевски се сметаат за членови на злосторничко здружување и се сомничат дека помагале да се злоупотреби постапката за јавни набавки. Потоа, Ардијан Муча, екс-комерцијален директор на ЕСМ се сомничи за злоупотреба на службената положба, односно овозможил значителна имотна корист за друг преку неизвршување на својата должност. Неговиот претходник пак, Данчо Стојановски од Велес се смета за организатор на спорните набавки.

Покрај физичките лица, во акцијата, неофицијално, се опфатени и четири правни лица лоцирани во Неготино, Велес, Битола, Кичево и Скопје.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1