Агелер: Ако можеме ние да собереме докази за Груби и Беџети, можат и македонските институции


Корупцијата, во каква и да е форма, не треба да се толерира. Оние кои го поткопуваат владеењето на правото за лична корист и на сметка на народот треба да сфатат дека корупцијата има последици. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери, се надевам дека судството и структурите за спроведување на законот во Северна Македонија ќе го сторат истото, порача американската амбасадорка Агелер, на денешната прес-конферецијата по вчерашното проширување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД со имињата на Артан Груби и Енвер Беџети.

„ Доказите кои Вашингтон ги разгледува, што ние успеавме да ги собереме, се широко достапни. Прашање, што и јас си ги поставувам. Ако доказите се достапни, а се, тогаш имате финансиска полиција, обвинителство, судство… Постои процес што е достапен тука и сметам дека луѓето во оваа земја сакаат да го видат“, изјави Агелер.

Корупцијата, посочи Агелер, е епидемија и рак на ова општество.

„Половина милијарда долари имаме потрошено на правосудството и како што, имаме кажано, досега немаме добар поврат на нашата инвестиција. Се надевам дека ќе видиме акција на овие именувања, како и на претходните и многу, многу други во оваа земја, за кои луѓето знаат дека се корумпирани и заслужуваат да бидат разгледани како случаи пред надлежните судови во оваа земја“, изјави Агелер.

Од Американста амбасада велат дека црната листа не е затворена, и дека на неа ќе се  додадат и други имиња.  

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1