(ВИДЕО) Трамп го направи лом Зеленски – Се коцкаш со Трета светска војна, спомна и „глупав“ претседател


Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа по тензичниот состанок со Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс, кои жестоко го нападнаа. Од Белата куќа соопштија дека е откажана планираната прес-конференција на Трамп и Зеленски, на која требаше да се потпише договор за ретки минерали.

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на украинскиот претседател дека се коцка со Трета светска војна.

„Ти се коцкаш со Третата светска војна и тоа што го правиш е многу непочитување кон земјата“, порача Трамп.

Веднаш по завршувањето на состанокот, Трамп се огласи на својата социјална мрежа.

„Зеленски покажа непочитување кон САД во нашиот ценет Овален кабинет. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, напиша Трамп, кој не го испрати Зеленски при излегувањето од Белата куќа.

Зеленски изрази благодарност до американскиот народ, но не се осврна директно на неговата средба со Трамп и Венс во објавата на Икс.

„Ти благодарам Америка, ти благодарам за поддршката, ти благодарам за оваа посета. Ви благодариме Претседателе, на Конгресот и американскиот народ“, напиша Зеленски. „На Украина ѝ треба праведен и траен мир, а ние работиме токму за тоа“.

Зеленски денеска пристигна во Вашингтон со цел да го потпише договорот за ретки минерали, што Трамп го смета за клучен за брзо завршување на војната во Украина, но состанокот во Белата куќа заврши лошо за украинскиот претседател откако мораше да се брани од жестоки вербални напади. Меѓу другото, Трамп и Венс го обвинија дека е неблагодарен и не покажува почит кон САД и му порачаа да го потпише договорот или САД целосно ќе ја повлечат поддршката за Украина.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1