Уверение за државјанство ќе се издава во МРТВ до 19 часот


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради зголемениот број барања, шалтерот за издавање на „Уверение за државјанство“ во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ќе работи во периодот од 08:00 до 19:00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.

Од МВР потсетуваат дека услугата за издавање Уверение за државјанство е достапна и дигитално преку порталот uslugi.gov.mk.

Tags:

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1