ФОТО: Трамп го сопрел состанокот по 40 минути да му се јави на Путин


Трамп ја прекинал средбата со европските лидери за да разговара со Путин. Кремљ потврди дека разговорот, кој траел околу 40 минути, бил инициран од Трамп.

Јуриј Ушаков, главниот преговарач на Путин, потврди дека Трамп го известил Путин за разговорот во Белата куќа.

– Се разговараше за идејата да се разгледа можноста за подигнување на нивото на преставници од украинска и руска страна во директните преговори – откри Ушаков.

Од друга страна, Зеленски, по состанокот изјави дека е подготвен за средба со Трамп и со Путин и дека можно е гаранции за Украина да бидат изготвени за 10 дена.

– Подготвени сме за билатерална средба со Путин, а потоа и за трилатерална со Трамп – рече Зеленски истакнувајќи дека прашањето за евентуални територијални отстапки, какви што бара Русија, ќе биде „тема која ќе ја оставиме за разговор меѓу мене и Путин“.

Дека средбата Трамп-Путин-Зеленски е можна навести и германскиот канцелар. Фридрих Мерц рече дека Путин и Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1