За Универзитетот „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на плоштадот Скендербег во Скопје обезбедени 65 милиони евра


Изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег стануваат реалност. За овие крупни проекти се обезбедени 65 милиони евра од државниот буџет, соопшти првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Според него, реализацијата на овие проекти ќе започне многу скоро.

-Сè е подготвено за нивниот почеток. Овие инвестиции ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на Скопје. Во таа насока, денес остварив значаен состанок со министерот за транспорт, Александар Николоски, директорот на Инспекторатот за градежништво и претставници на Општина Чаир, каде што се договоривме за конкретните чекори што ќе го обезбедат итното започнување на овие проекти, напиша Меџити.

Овие инвестиции, посочи, поставуваат нови темели за урбаното и образовното модернизирање на нашиот град, означувајќи клучен момент за стратешкиот развој на Скопје.

Tags:

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1