Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ ќе се емитува во САД, Австралија и низ Европа


Македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“ наскоро ќе биде емитуван во кино сали во САД, Канада, Австралија и низ Европа, информираа од тимот кој беше претставен во фестивалскиот прес центар на ИФФК „Браќа Манаки“.

Со филмот „Диџеј Ахмет“ вечер завршува натпреварувачкиот дел на фестивалот, а на 1 октомври ќе има македонските кино сали.

-Снимавме на различни локации, теренот го истражувавме долго, често и веруваме дека тоа на публиката ќе и се допадне. Го снимавме населението и посебно народните носии кои се уникатни. За време на снимањето се соочивме со многу предизвици затоа што снимавме во сончеви денови, но и кога имаше дожд, магла, снег…и мислам дека успеавме затоа што тимот беше полн со позитивна енергија, истакна кинематограферот Наум Доксевски.

На прес конференцијата во Битола учествуваа режисерот Георги М. Унковски и актерите Агуш Агушев, Ариф Јакуп и Дора Акан Златанова, кои како што беше речено биле избрани во селекција од над 2.000 кандидати за толкување на главните улоги во филмот.

-За мене беше многу фасцинантно и убаво да учествувам во филм. Посебно беше интересно да споредам како во денешнот време се живее во една средина со посебни услови и начин на живеење, а толку блиска до урбаните центри, посочи актерката Акан Златанова.

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ е селектиран за 35 филмски фестивали, а кон крајот на следниот месец посебен промотивен настан ќе биде организиран во Турција. 

Tags:

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1