Изгоре продавница на „Синсеи“ во Неготино пред официјалното отворање


Продавницата на модниот бренд „Синсеи“ во Неготино, која синоќа целосно изгоре во голем пожар, требало свечено да се отвори за само една недела, на 3 октомври, објави 4NEWS.mk.

Пожарот избувнал откако се запалила картонската амбалажа што била оставена надвор од дуќанот по отпакувањето на робата за новиот објект.

Инцидентот се случил во доцните вечерни часови, а брзата интервенција на противпожарната единица и евакуацијата на станарите од зградата над дуќанот спречиле уште поголема катастрофа. За среќа, во пожарот нема повредени.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1