КИЕВ ВО ПЛАМЕН – Масовен руски напад, ПОЛСКА ГИ КРЕНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ


Русија изведе масовен ракетен и дронски напад врз Киев и повеќе украински градови во текот на ноќта, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, вклучително и во региони далеку од фронтот.

Поради нападите, Полска ги активираше своите борбени авиони за да го обезбеди својот воздушен простор. Стотици беспилотни летала и проектили уништуваат станбени згради и предизвикуваат цивилни жртви“, напиша на Икс украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.

Пет руски бомбардери Ту-95 полетаа од аеродромот Олења во Мурманската област околу 1:45 часот по локално време, соопштија мониторинг каналите. Околу 2:25 часот наутро, воената администрација во Киев предупреди за лансирање на бомбардери МиГ-31К, што предизвика воздушен тревог низ целата земја, пишува Киев Индепендент.

Шефот на воената администрација на главниот град, Тимур Ткаченко, првично соопшти за три жртви, вклучувајќи го и 12-годишното девојче, но набрзо бројот се зголеми на четири откако беше пронајдено уште едно тело.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека главниот град е под „масовен“ напад и ги повика граѓаните да останат во засолништата. Тој потврди дека најмалку шест лица се повредени во главниот град. Гувернерот на југоисточниот регион Запорожје, пак, соопшти дека во руските напади таму се повредени најмалку четири лица.

„Уште еднаш се погодени станбени згради и инфраструктура. Уште еднаш, тоа е војна против цивили“, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

Како одговор на нападите во соседна Украина, полската војска соопшти дека превентивно ги активирала борбените авиони и ги ставила копнените системи за противвоздушна одбрана во состојба на готовност за да го обезбеди полскиот воздушен простор. Полска, исто така, го затвори воздушниот простор во близина на нејзините југоисточни градови Лублин и Жешов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1