МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО „КОСТАЛ“ – нови 200 работни места


Можам да го искажам своето задоволство, затоа што „Костал” верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на компанијата.

-Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу – рече Мицкоски.

Тој додаде и дека компанијата лани оствариле обрт од околу 3,5 милијарди евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1