Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат Законот за работно ангажирање лица кој стапува на сила од 1 јануари, но бараат да бидат опфатени и други дејности, освен сезонците ангажирани во угостителството, земјоделството и услужните дејности, беше еден од заклучоците на денешната седница на Регионалните стопански комори на Прилеп и на Битола што се одржа во Прилеп.
Според Никола Мариноски, претседател на Прилепската регионална стопанска комора, потребни се сезонски работници и во другите дејности, а законскиот ангажман, годишно од 120 до 180 дена да се прошири како и работните часови.
-Го поздравуваме законот за работно ангажирање лица што сатапува во сила на први јануари. Во очекување сме на неговата имплементација. Побаравме да има проширување на дејностите, бидејќи, горе-долу, во сите дејности има потреба од работна сила. Министерството за екномија и труд најави дека по првите проверки како ќе профункционира Законот, ќе има можност да се разгледуваат и тие работи. Се надеваме дека ќе им излезат во пресрет на поголемите компании за да може и тие да ангажираат работно вакви сезонски вработувања, но и да се зголеми бројот на денови годишно, досега е до 180 дена годишен ангажман,како и бројот на часови во месецот. Инаку, ваков работен ангажман има потреба во конзервната индустрија и во другите делови на индустриските капацитети – изјави Мариноски.
Министерството за економија и труд е отворено за соработка, но прво да се видат ефектите од Законот.









