Филипче праша дали Мицкоски може да биде „толкав идиот“ – од ВМРО-ДПМНЕ возвратија


Првиот опозиционер Филипче и денеска отвори повеќе фронтови откако најпрвин одговарајќи на новинарско прашање за како што рече блокираната европерспективата на земјата дирекно го впери прстот кон премиерот Христијан Мицкоски на само ден пред  утрешното доаѓање на претседателката на европската комисија Урсула Фон дер Лајен во Скопје . Филипче директно го именуваше Мицкоски како најодговорен за лошите европски политики кој даваше  примери за евроскептицизам за да ги оправда како што рече Филипче лошите оценки на европскиот пат .

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ пак директно со контра обвинение дека речникот на Филипче не доликува на прв човек на опозициска партија и содржи говор на омраза поради стравот кој го чувствува на политичката сцена но и поради внатрепартиските превирања на Бихаќка 

Филипче денеска не ги поштеди ниту неговите сопартиици и поанешни но и актуелни функционери од платформата 12 и 5 обвинувајќи ги дека тие за малку ќе ја погребеле како што рече партијата и доколку сакаат да и помогнат можат тоа да го направат на престојните локални избори во Брвеница ,  во спротивно им порача да се тргнат целосно од партијата .

Од платформата пак директно возвратија дека денешниот настап на прес на Филипче говори за неговиот авторитерен карактер поради кој партијата ја довел до тоа кое што е денес наведувајќи :

Ф.Б  Разговори за Иднината во 12 и 5: Венко Филипче се повеќе личи на неговиот поранешен работодавец Никола Груевски. Сиот личен бес го истура врз оние кои мислат поинаку од него. Користи крајно примитивен речник, се служи со подмолни конструкции, лично ги навредува и со сите сили се обидува да дискредитира докажани партиски борци кои и во изминатите две години и сега искрено и чесно сакаат да помогнат за посилен СДСМ.  Да го трошеше истото време за вистинска борба против Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, партијата и членството немаше да биде во ваква незавидна состојба. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1