Неколку часа пред затворањето на избирачките места во Србија, во Пионирскиот парк во центарот на Белград повторно започна поставувањето шатори. Просторот, познат како „Ќациленд“, и натаму е ограден со метални бариери, а на терен се забележани камиони со опрема и полициски службеници, објави порталот „Машина“, пренесува „Индекс“.
„Ќациленд“ се појави за време на студентските протести како камп на група граѓани кои се противеа на студентските блокади. Со текот на времето, просторот стана едно од најпрепознатливите обележја на политичките поделби и тензии во српската престолнина.
Засега нема официјално објаснување за причините поради кои повторно се поставуваат шаторите, ниту информации колку долго кампот ќе остане во паркот.








