МВР го уапси Билал Кара, сопственикoт на „Санте Плус“


Меѓу апсените во акција на МВР, со која е опфатена приватната болница „Санте Плус” и вработени од ФЗО, е и сопственикот на болницата Билал Кара, за кого Албанија лани распиша потерница.

Претседателот на Управниот одбор на Европската очна болница Билал Кара е под истрага за перење пари, а судија на претходна постапка при скопскиот Кривичен суд ноќеска донел одлука како мерка за претпазливост да му биде одземен пасошот, да му се забрани да ја напушта Македонија и да има обврска да се јавува во судот, потврдија за „Слободен печат“ од скопскиот Кривичен суд. Под истрага за „измама во службата“ е и Гериана Арапи, поранешна директорка на „Санте плус груп“, во чија сопственост е „Европската очна болница“.  И за неа судијата изрекол мерки на претпазливост, како и за сегашната управителка на специјалната болница по гинекологија „Санте плус груп“ Селма Амет.

Кара во соседната земја се бара поради сомнежи за злоупотреби направени преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, лоцирана во Албанија.

„Клиниката беше блокирана откако наводно не пријавила профит во вредност од 1 милион евра. Исто така, за време на проверките, полицијата откри дека оваа клиника давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи. Исто така, кај пет вработени беше утврдено дека се неосигурани“, објавија лани албанските медиуми.

МВР соопшти дека од страна на полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување во РСМ.

Поточно за операциите биле наплаќани средства и од Фондот за здравство, но и од пациентите. Биле оштетени од 3.000 до 4.000 пациенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1