Славески: Се воведува администрација во Алта банка – клиентите редовно да си плаќаат кредити


Народна банка одлучи, се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево изјави дека извршниот одбор на Народна банка на седницата денеска донел решение со кое се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола. Вели дека ова е од времен карактер.

Додаде дека воведувањето на администрацијата привремено преминува во надлежност на лица на Народната банка. Рече дека во наредните денови ќе има одредени ограничувања за плаќањата. Во текот на една седмица, лимитот на плаќања е 10.000 денари за граѓаните. Славески кажа дека за дефинирање на овој износ до некаде се воделе според износот на просечната плата.

„Овие мерки се воведени со цел да се заштитат имотот и интересите на штедачите“, рече Славески.

Гувернерот додаде дека до вчера околу 2 милиони евра се подигнати од банката. Кажа дека има заинтересирани купувачи за акциите и од земјава и од странство.

Апелира до сите учесници во јавната дебата да се воздржат од изјави кои се хушкачки. Ги повика оние кои имаат кредити да ги подмируваат своите обврски.

Граѓаните и компаниите кои имаат кредити во „Алта банка“ АД Битола треба да продолжат навремено да ги исполнуваат своите финансиски обврски, и покрај воведената привремена администрација.

Ова го порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, нагласувајќи дека мерките се насочени кон заштита на имотот на банката и интересите на штедачите.

Воведувањето администрација не значи прекин на кредитните обврски, а банката продолжува да функционира под привремено управување на лица назначени од Народната банка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1