ЈОТОВА ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА


Илијана Јотова, која според првичните резултати победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, им се заблагодари на граѓаните за поддршката и порача дека ќе биде претседател кој ќе бара дијалог со сите политички страни.

Во своето прво обраќање по изборниот ден, Јотова посебно му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев, кој стоеше покрај неа. 

„Господине Радев, без вас немаше да успееме“, порача Јотова, изразувајќи благодарност и до „Прогресивна Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија и останатите политички партии и гласачи кои ја поддржале.

Таа оцени дека нејзината кампања била насочена кон животниот стандард и мирот, додека противкандидатот Андреј Ѓуров го обвини за агресивна предизборна реторика.

Илијана Јотова ќе биде следниот претседател на Бугарија, откако го победи Андреј Ѓуров во вториот круг. Изборите се одржаа со рекордно ниска излезност на гласачите, што фрла сомнеж врз улогата на следниот шеф на државата како обединувач на нацијата, објави БГНЕС.

Јотова победува со 57,4% наспроти 39,6% за Ѓуров. Излезноста на гласачите е 29,1%.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1