Претреси и апсење на штипскиот универзитет, пронајдени купчиња пари 


Полициски службеници од штипската полиција од утрово вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје по сомнение за манипулација со испити и други постапки пред службите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, објави Press24

Под сомнение е едно лице кое било вработено на Универзитетот како раководител на ИТ секторот.
Извори на Сител откриваат дека осомничениот, меѓу другото, наводно менувал бодови од испити, бришел оценки и овозможувал запишување семестри на студенти кои не ги исполнувале потребните услови. Според истите извори, ваквите услуги најчесто им биле нудени на студенти од Турција, кои во значителен број студираат на штипскиот универзитет.

Неофицијално, при претресите во домот на осомничениот била пронајдена и поголема сума пари, за која засега нема официјални информации за износот и потеклото.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија полициската акција и соопштија дека претресите се вршат по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем од страна на Р.Т., раководител на информатички сектор при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип“, информираат од МВР.

Според првичните инфорамции, ваквите „услуги“ ги нудел главно на студенти од Турција кои во значителен број студираат на овој универзитет.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1