Клучните услуги на технолошкиот гигант „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и „Тимс“, вчера беа во прекин околу десет часа, предизвикувајќи сериозни нарушувања во работењето на голем број компании и државни институции ширум светот. Најпогодени беа функциите од пакетот „Мајкрософт 365“ кои зависат од платформата „Ексчејнџ онлајн“, а платформата „Даундетектор“ регистрираше над 130 илјади пријави за проблеми само во САД за време на најголемиот пик. Покрај американскиот пазар, прекините се проширија и во азиско-тихоокеанскиот регион, погодувајќи корисници во Индија, Австралија и Јапонија, при што последици почувствуваа и дури и технолошките компании „ОпенАИ“ и „Антропик“ поради проблеми со поврзувањето.
Од „Мајкрософт“ потврдија дека повеќе сервери неочекувано станале недостапни и дека санацијата на дефектите се одвива побавно од очекуваното, поради што сообраќајот постепено се пренасочува кон алтернативни сервери за целосно нормализирање на услугите.








