Сè позначајна е улога на логистиката во развојот на електронската трговија и современото деловно работење.
Достапноста на производите, точната евиденција на залихите, брзата обработка и сигурната испорака се фактори кои директно влијаат врз искуството на купувачите и конкурентноста на компаниите.
ЕФЦ најавува интегрирано решение за е-трговците – од складирање и онлајн управување со залихите, до пакување и испорака во Македонија и низ Балканот.

На настанот говореа Лео Гешовски, сопственик на ЕФЦ, и Иван Димишковски, раководител во ЕФЦ, кои ги претставија логистичките решенија на компанијата, со посебен акцент на новите старт-пакети наменети за компании што започнуваат или го прошируваат својот онлајн бизнис.
„Нашата порака до компаниите е едноставна: не ви се исплати да земате магацин под кирија, да инвестирате во опрема, персонал и дополнителни логистички процеси. Ние ви нудиме комплетен пакет – магацински простор, дигитализирано управување со производите, обработка на онлајн нарачките, пакување и организирана достава. Вие фокусирајте се на продажбата, а логистиката препуштете ни ја нам“, истакна Лео Гешовски, сопственик на ЕФЦ.
Според Гешовски, целта е да им се овозможи на компаниите да започнат или да го прошират својот бизнис без големи почетни инвестиции во сопствена логистичка инфраструктура.

Дигитална контрола врз секој производ и секоја нарачка
Една од главните предности на решението што го нуди ЕФЦ е дигитализираното управување со целиот процес.
Компаниите можат онлајн да имаат преглед на залихите за секој артикл, бројот на примени и обработени нарачки, како и статусот на нивната подготовка и испорака.
„Денес, за еден онлајн бизнис не е доволно само да има добра веб-продавница. Потребно е во секој момент да знае колку производи има на залиха, колку нарачки се примени, кои се подготвени за испорака и каде се наоѓа секоја пратка. Токму затоа нашиот процес е дигитализиран и организиран така што компаниите добиваат контрола и прегледност, без самите да управуваат со магацинските операции“, посочи Иван Димишковски, раководител во ЕФЦ.

Испорака следниот ден – не само во Македонија, туку и низ Балканот
ЕФЦ посебно го истакна регионалниот потенцијал на својата логистичка мрежа, преку партнерства за достава на пратки на балканските пазари.
„Нашата предност е што не застануваме само на складирањето и пакувањето. Имаме партнери за достава следниот ден, а соработуваме и со партнери низ Балканот. На компаниите сакаме да им овозможиме од едно место да ја организираат продажбата и логистиката за повеќе пазари. Сметаме дека во моментов ваква целосна комбинација на услуги не ја нуди ниту еден друг оператор на пазарот“, нагласи Лео Гешовски.
Black Friday – вистински тест за е-трговијата
На медиумскиот појадок беше потенцирано дека Black Friday не е предизвик само за продажните тимови, туку и за целиот логистички синџир.
Зголемениот број нарачки бара брза обработка, прецизна евиденција на залихите, навремено пакување и сигурна достава.
„Купувачот не го интересира колку нарачки има една компанија или колку е оптоварен нејзиниот магацин. Тој очекува производот што го нарачал да пристигне навреме. Затоа логистиката мора да биде подготвена пред да започне продажниот бран“, истакна Иван Димишковски.
ЕФЦ има цел да ја направи професионалната логистика подостапна за малите, средните и растечките компании, особено за оние што работат во електронската трговија.








