Пост на О2 иницијатива на социјални мрежи
МАКСТИЛ – КОЈ И ЗОШТО ДОЗВОЛИЛ СО ГОДИНИ ДА СЕ НАТРУПУВААТ ИЛЈАДНИЦИ ТОНИ ОПАСЕН ОТПАД И КАДЕ Е ОДГОВОРНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ?
👨⚖️ По наредба на јавниот обвинител при ОЈО Скопје, Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, влегла во просториите на Макстил да извршат проверки на примероци од почва и одредени суровини поради сомнежи за можни кривични дела од областа на еколошкиот криминал.
Од МВР најавиле дека јавноста ќе биде соодветно известена по целосното завршување на полициските активности.

Но каде се институциите, како Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Министерството за животна средина (МЖСПП), да дадат одговори за јавноста на:
❓ Дали Макстил ја платил глобата од 90.000 евра, а одговорното лице глобата од 5.000 евра, во законски предвидениот рок? Рокот бил 15 дена. Спогодбата е постигната на 5 март 2026.
❓ Доколку не, дали е поведена постапка за наплата на првичната глоба од 180.000 евра и дали е платена?
❓ Дали во предвидениот рок од 90 дена се препакувани сите оштетени вреќи и е покриена опасната прашина? Рокот бил 5 мај 2026.
❓ Колку инспекциски надзори се извршени по истекот на тој рок и што е констатирано?
❓ Колку тони опасна прашина се извезени во 2026 година, каде се извезени и колку тони сè уште се на локацијата? Рокот е до крајот на декември годинава за извоз на опасната прашина.
❓ Дали Макстил го почитувал максималниот дозволен период за привремено складирање на опасниот отпад од 36 месеци (3 години), на соодветна површина и локација?
❓ Кога, како и на чиј трошок ќе се изврши санација и рекултивација на контаминираното земјиште?
❓ Кој во ДИЖС и МЖСПП бил запознаен со состојбата низ годините, какви мерки презеле, ако воопшто и кој ќе понесе одговорност за непостапување низ годините?
🔴 Според официјалните податоци на Државниот инспекторат за животна средина, во 2019, 2020, 2022 и 2023 година Макстил генерирал вкупно 9.639 тони опасна филтерска прашина, а не предал НИТУ ЕДЕН тон во тие години.
⚫️ Во февруари 2026 година ДИЖС констатира дека опасниот отпад се складира на отворено, на државно земјиште, во делумно искинати вреќи, со прашина истурена директно врз почвата.
Во март 2026 година МЖСПП склучува спогодба со Макстил, со која глобата од 180.000 евра се намалува на 90.000 евра.
🔺 МЖСПП со години ги добивало годишните извештаи за генерираните и предадените количества отпад.
🔺 ДИЖС имал обврска за редовни контроли.
🔺 Институциите располагале со податоци за неговото натрупување.
🔺 Скинатите вреќи со опасен отпад биле така долго време оставени на отворено на државно земјиште.
И двете институции потфрлиле.
Ова не е проблем што настанал преку ноќ. Поради вакви непостапувања и пропусти граѓаните немаат доверба во институциите.
🔴 Одговорноста не завршува со казнување на компанијата. Мора да се утврди и одговорноста на институциите надлежни за спречување на ваквото загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните.








