Алфред Молина има необична работа – да ги навредува децата!
Нималку не се воздржува додека ги навредува во нивниот обид да одглумат.
Децата можат да бидат преслатки додека ги покажуваат своите актерски способности на театарската сцена. Дури и тогаш кога не им оди, тие се во состојба да се смешкаат и да направат ситуација во која би биле многу симпатични.
Но, во публиката се најде и театарски критичар кој не паѓа на шармот на децата и кој се осмелува да им ја каже суровата вистина дека едноставно не ги бива за актерство. Тој не се штеди со критиките и на моменти знае да биде доста брутален.