Хакерската група Анонимус им објави војна на педофилите и сруши околу 90 интернет страни на кои имало детска порнографија.
во писмото до своите поддржувачи велат дека ќе продолжат се додека и последната педофилска содржина не е отстранета од интернет. Според нив тоа се 200 000 страници.
анонимуси ветија и разоткривање на педофилите и порачаа дека нема запирање се додека не ,,падне,, и последниот педофил. Според нивното тврдење во оваа акција се ангажирани сите ограноци на Анонимуси низ светот како и независни хакери кои ги поддржале во борбата против педофилијата.
,, на институциите им оди споро борбата со овие девијации од луѓе, а деца страдаат, затоа и решивме да одиме докрај,, порачаа Анонимуси.