Во САД во 2010 е собрано преку 250 милиони ѓубре но само 34 насто е рециклирано. Шведска од друга страна е лидер во преработка на отпад. Од ѓубрето Шведска создава струја за 250.000 домаќинства и напојува една петтина од системот за греење. Но има проблем – почнува да и недостасува ѓубре.
4 милиони домови во Шведска имаат опрема за преработка на ѓубрето, а само 4 насто од ѓубрето во оваа земја завршува во депонии, другото се се употребува.
Шведска верувале или не увезува 800.000 тони ѓубре годишно од други земји. Сега Норвешка на пример и плаќа на Шведска да го земаат нивниот отпад. А во план е истото да го направи и со Бугарија, Романија, Италија. Овие земји имаат многу отпад на депониите и ние би можеле да го прибереме нивното ѓубре, велат од шведската агенција за заштита на животната средина.
,, Можам да ви тврдам дека во иднина ѓубрето ќе добие цена, вели Катарина Остлунд советник во агенцијата за заштита на животната средина, таа додава ,,ќе дојде ден кога ќе го продавате вашето жубре зошто ќе има недостаток а голема побарувачка,,.