Авионот со премиерот Дмитриј Медведев се враќал од Перма но поради лоши временски услови морал да слета во Санкт Петербург, наместо во Москва.
Поради лошите временски услови беше одлучено да се оди на резервен аеродром наместо да се слета во Москва. Авионот на премиерот успешно слета на аеродромот во Санкт Петербург, изјави секретарот на Медведев, Наталија Медведева Тимакова.
Медведев беше во еднодневна работна посета на Перм.
Летот со новинарите кои се враќаа, а полетаа малку подоцна од премиерот безбедно слетаа во Москва на аеродромот Внуково, објавија руските медиуми.
Во Москва, при слетувањето на премиерот почнал да паѓа замрзнат дожд и предизвикал нарушување на сообраќајот.