Делел порнографија преку торент: Казна 1,5 милиони долари


Колку размената на пиратските содржини преку интернет може да биде опасна (и скапа), на потешкиот начин дознал Кевин Фишер од Хамптон, кој по одлуката од судот во Илионис, поради делење на порнографски филмови преку торент, ќе мора да плати парична казна висока 1,5 милиони долари, на компанијата Flava Works.

Почнува ловот на „пиратите“

Фишер преку интернет страницата Flava Works (илегално) купил десет порно видеа, а притоа се согласил на условите на оваа компанија која побарала истите снимки да не бидат копирани или продавани на други. Секое копирање, делење или продавање било забрането.
Тоа што Фишер не го знаел е дека филмовите имале вградена софтверска заштита и посебен код, кој содржи информации за личностите кои ги купиле филмовите, па така, кога Фишер одлучил филмовите да ги подели на други корисници преку торент, го издал наведениот код, а екипата од Flava Works без никаков проблем го пронашла изворот на делење на филмовите. Следела тужба.

Според новите закони во затвор може да се оди со симнување на само една пиратска песна!

Со оглед на несоборливите докази, односно кршењето на договорот кој тој го потпишал при купувањето на филмовите, изречена му е казна како што велат на Torrentfreaku, најголемата можна казна по американскиот закон од дури 150 илјади долари по филм, чие делење го овозможил, односно вкупно 1,5 милиони долари.
Филмовите кои одлучил да ги подели по пат на мрежата, ги симнале 3449 корисници, па така излегува дека за секој филм кој корисниците го симнале, Фишер треба да плати по 435 долари.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1