Амстердам не го укинува џоинт-туризмот


После еден месец дебата за новиот закон за опојни дроги кои треба да стапи на сила во Амстердам од први јануари 2013 година донесена е нова одлука.

Градоначалникот Еберхард ван дер Лан завчера изјавил дека на туристите нема да им биде забранет влез во познатите кофи шопс, откако новата холандска влада порачала дека локалните власти ќе го имаат последниот збор кога станува збор за воведување на ваква забрана.

Ван дер Лан смета дека забраната за продажба на марихуана на странците би довела до поголем број на кривични дела. Секоја година околу 1,5 милиони туристи го посетуваат Амстердам за да конзумираат канабис.
– Тие 1,5 милиони туристи нема да речат „добро, нема веќе марихуана“, туку ќе си одат од градот и ќе бараат каде можат да купат дрога легално. Тоа би довело до зголемен број на кражби, пресметки поради лажна дрога и недостаток на секаква контрола поврзана со квалитетот на дрогата на пазарот. Се на што работевме со години би било срушено, изјавил Ван дер Лан, кој е познат како противник на забраната.
Амстердам во голема мера зависи од приходите од туризмот, а обожавателите на канабис се третина од вкупните посетители на овој град.
Холандија брои 770 кофи шопови, иако канабисот технички е илегален во оваа земја, во 1976 година легализирано е поседување на помалку од 5 грама марихуана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1