Хеликоптерската несреќа во која во 2010 година настрадаа милијардерот Томас Стјуарт и неговото семејство, ја предизвикала неговата петгодишна ќерка Сидни. Таа седела во неговиот скут на местото на копилотот и со нога ја удрила командата што довела до несреќата.
Во авионот се наоѓал Томас, неговата жена Мадена, неговата ќерка Сидни, неговиот шура Маланг Абдула и пилотот Рик Мортон.
Според најновите сознанија на истражувачите кои работеле на случајот, Томас, веројатно на малата Сидни и дозволил да му седне во скутот на местото на копилотот.
„Многу веројатно е Сидни со ногата случајно да удрила некои од командите. Во истиот момент Стјуарт и пилотот се обиделе да посегнат по контролите, но се блокирала елисата и хеликоптерот се срушил“, се наведува во извештајот.
Од друга страна Вилијам Валдок, професор на Воздухопловниот универзитет во Прескот во Аризона, по прегледот на извештајот изјавил дека не постои доказ кој може да ја потврди ваквата сторија.
„Изненадното уклучување и исклучување на контролите би можеле да доведат до ваквата несреќа, но не постои цврст доказ дека работите се случиле баш така како пишува во извештајот“, вели Валдок.