Македонец најдобар рибар во Америка


На американскиот натпревар во рибарење, во конкуренција од 186 натпреварувачи од цела Америка, првото место го освои Македонец.

На натпреварот кои се одржува секоја година на реката Манести, Мичиген, и се лови калифорниска пастрмка, 33-годишниот Владимир Јовановски, кој бил единствен кој не е американец на натпреварот, убедливо ги победи американците, пишува Нова Македонија.

,,Се  користеше секаква техника а јас лично користев трска од пет метри на бели ларви. Првата и најголема риба ја фатив по четвртото фрлање околу 3.45 часот утрото. Борбата со неа беше околу 6 – 7 минути по што ја сместив на сигурно. По овој улов се до 3 часот попладне извадив уште 5 други риби но беа помали, од 100 грама до половина. Со вкупниот улов го освоив првото место – вели Владимир за „Нова Македонија“.

Иако американците со кои се натпреварувал биле многу добро опремени а имале и повеќе искуство сепак среќата повеќе го послужила нашиот Владимир.

,, Роден сум во Тетово а рибарам од мојата 4 година затоа што мојата мајка е од Охрид. Таму секое лето по цело време бев на езерото каде го усовршував риболовењето. Но, најголемата вештина за ловење речна пастрмка, на Вардар и Радика, ја научив од мојот, сега веќе починат татко, Драганче Јовановски и овој трофеј го посветувам токму него и го освоив во негова чест – додава Јовановски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1