Златен накит, тијара со врежани лавови, коњи и други животни, четири нараквици, прстен, стотици златни копчиња и разни други предмети, кои беа пронајдени во близина на селото Свештари, околу 400 километри од Софија, најверојатно му припаѓале на Филип Втори и Александар Македонски, пишуваат бугарските медиуми.
Ризницата која е пронајдена е стара околу 2400 години и датира од времето на Гетите.
Според водачот на ископувањата, археологот Дијана Гергова предметите потекнуваат од четвртиот век и се вообичаени предмети од тракиското племе Гета, кое било во контакт со античките Македонци, а кралот Котела, кој бил тест на Филип Втори Македонски.
Сите предмети се значително зачувани, а се претпоставува дека биле обвиткани во златни ткаенини, затоа што за време на ископувањето било забележано присуство на голем број златни нишки.