Бугарите тврдат дека нашле богаството поврзано со Александар Македонски


Златен накит, тијара со врежани лавови, коњи и други животни, четири нараквици, прстен, стотици златни копчиња и разни други предмети, кои беа пронајдени во  близина на селото Свештари, околу 400 километри од Софија, најверојатно му припаѓале на Филип Втори и Александар Македонски, пишуваат бугарските медиуми.

Ризницата која е пронајдена е стара околу 2400 години и датира од времето на Гетите.

Според водачот на ископувањата, археологот Дијана Гергова предметите потекнуваат од четвртиот век и се вообичаени предмети од тракиското племе Гета, кое било во контакт со античките Македонци, а кралот Котела, кој бил тест на Филип Втори Македонски.

Сите предмети се значително зачувани, а се претпоставува дека биле обвиткани во златни ткаенини, затоа што за време на ископувањето било забележано присуство на голем број златни нишки.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1