Секој од нас сака да има што е можно поздрава и посјајна коса. За таа цел ви препорачуваме да ја пробате оваа извонредна природна маска која многу лесно можете да ја направите и дома.
Потребно ви е само:
2 лажици маслиново масло
1 лажица јаболкова киселина
Подготовка и начин на употреба:
Смесата од маслиново масло и јаболкова киселина се става во пластичен сад и добро се меша за да се постигни изедначеност.
Со четка за боење на коса, прамен по прамен ја нанесуваме маската и оставаме да стои околу 20-30 минути.
На крај, косата се плакни со шампон, при што се внимава добро да се измие целата коса заради комплетно отстранување на остатоците од мирисот и маснотиите на ставената маска.
Ефектот на оваа маска се должи на способноста на маслиновото масло да ја храни и обновува косата, а улогата на јаболковата киселина е да и даде на косата сјај кој се забележува.
Мотивација за да ја направите оваа маска треба да ви биде фактот што вашата коса со само неколку третмани ќе има подобар и здрав изглед со многу сјај. Маската е погодна за нанесување како на природна, така и на боена коса, затоа не се двоумете и направете ја