Рибата штити од рак на панкреас


Рибата треба да биде што почесто застапена во нашата исхрана. Нутриционистите препорачуваат да се јаде риба барем два пати неделно и тоа приготвена со рибино масло. Рибата е богата со протеини и минерали, како и со рибино масло кое е содржи големи количини на омега-3 масни киселини.

Народите кои живеат покрај море поретко заболуваат од дегенеративни и кардиоваскуларни заболувања за разлика од оние кои живеат во густо населените урбани средини со „тешка“ исхрана. Ова се должи на специфичната исхрана која се состои од риба, вино, маслиново масло, како и на благата приморска клима.

Морската риба е богат извор на минерални соли, првенствено на јод, калиум, натриум, бакар, селен, цинк. Сите врсти на риба содржат витамини од Б групата – Б1, Б2, Б6 и Б12, кои се неопходни за правилно функционирање на нервниот систем. Рибата е богата со калиум, кој е неопходен за раст, развој и одржување на еластичноста на ткивата у со калциум неопходен за правилен раст и одржување на цврстината на коските и забите.

Особено се препорачува плавата риба која се храни со планкотни, а тоа се сардината, туната и другите видови на плава риба.

Месото од рибата е лесно сварливо, па затоа рибата често се вбројува во диетална немирница. Рибата содржи витамини и минерали, но и особено важните Омега 6 и Омега 3 масните киселини (DHA -докозахексаеноична киселина и EPA – еикозапентаеноична киселина). Најповолен однос на овие киселини е 2:1.

Научниците докажале дека редовното консумирање на риба го намалува ризикот од рак на дебело црево, рак на желудник и рак на хранопроводник за 30 до 50 %, а може да го намали и ризикот од рак на дојка.

Тајната е во тоа што рибиното масло го намалува нивото на арахидонската киселина, која во комбинација со другите хемиски супстанции во телото, предизвикува рак.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1