Им давате на децата да играат видео игри – ги прават младите насилни велат научници


Видео игрите навистина го менуваат нашиот мозок, но како што неодамна открија научниците, најчесто тоа е на подобро.

Голем број на научници и професори признаваат дека видео игрите, меѓу другото ја подобруваат креативноста, фантазијата и перцепцијата.

Добивките се во толку широк размер, од подобрување на координацијата меѓу очите и рацете за хирурзите до подобрување на видот за ноќно возење.

Луѓето што играат видео игри базирани на акција можат да донесат одлука до 25% побрзо од другите без да жртвуваат на прецизност, се вели во истражувањето.

Секако, најдобрите гејмери можат да донесат до 6 одлуки во секунда, што е за четри пати повеќе од нормалниот човек.

Понатаму се додава дека искусни играчи можат да обрнуваат внимание на повеќе од седум различни работи и задачи во исто време, без да се забунат, споредувајќи ги со четрите на обичниот неиграч, се вели во истражувањето на Универзитетот Рочестер.

Друга студија покажува дека женската популација што ја сочинуваат 42% од  гејмерите, ги подобриле вештините за ментално манипулирање со 3Д објекти, вештина во која мажите се генерално подобри.

Сепак, не е се така розево. Според студијата на Универзитетот Индијана, „скенирањата на мозокот покажуваат дека после една недела играње на насилни видео игри, кај здрав млад човек се појавуваат знаци на депресија и први знаци на дебелеење“.

Но, студијата не ги споредува добрите со лошите страни на видео игрите.

Иако во целата студија се зборува за лошите страни на видео игрите, самите напоменуваат дека за поголем дел од нив виновни се самите луѓе, а не игрите.

Неврологот Дафне Бевелиер, која ги проучува ефектите од акционите видео игри на Универзитетите во Женева, Швајцарија и Рочестер во Њујорк, во своето обраќање на Е3 саемот за видео игри во 2011 година кажа меѓу другото и :

„ Насилните видео игри ги прават родителите параноични дека нивното дете ке стане насилно од игрите, но тие игри имаат премало влијание на мозокот.,,

Компаниите за видео игри во 21 век најмуваат цели истражувачки центри со цел да ја направат играта да влијае добро врз гејмерската популација, и не ретко ако неможе тоа да се направи се гаси целиот проект за одредена видео игра“.

Видео игрите станаа индустрија вредна повеќе од 25 милијарди долари на годишно ниво. За научниците, оваа индустрија е едно глобално истражување на мозокот и неговите функции. Милиони луѓе на дневна база играат илјадници видео игри, игри кои почнуваат од Tetris, преку Farmville, па се до League of Legends која од нејзиното лансирање, па до денешен ден е играна преку милијарда пати и има преку 32 милиони играчи на дневна база.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1