Знаете ли кои се највалканите места во рестораните?


Најголем број на бактерии во рестораните не се наоѓаат во недоволно обработеното месо или во старата риба. Опасните бактерии најверојатно ќе ги соберете со менито, соленките, парчињата лимон и столицата.

Истражувачи на највалканите места во рестораните кои кријат страшни бактерии се новинари на ABC News кои во тајна инспекција обиколиле 10 ресторани во три американски држави. Земале брис од примероци од површините во рестораните со кои обично доаѓаме во контакт, а анализата покажала дека највалканите места се масите, столиците, менито, парчињата лимон послужени со јадењето…

Во анализа на примероците, Заводот за микробиологија во Њујорк откриено е дека на 70% од столиците пронајтени се различни видови на бактерии, вклучително и Ешерихија Коли.
На менијата кои биле анализирани пронајдени се стафилококи, а на парчињата лимон кои се користени како декорација на пијалокот и јадењето пронајдени се исто така, загрижувачки бактерии.
Половина од сите анализирани парчиња лимон биле контаминирани со фекалии.

Снимките покажале дека персоналот во рестораните најчесто не користат ракавици или прибор кога посегнуваат по арчињата лимон, туку тоа го прават со раце. Ако не си ги измиле добро рацете по нуждата, можноста за контаминација е многу голема.
Кората на лимонот во вашиот пијалок, исто така е извор на можни зарази, со оглед на тоа што кората ретко се мие.

Истото важи и за тегличките за сол и бибер кои се користат често, но ретко се мијат. Половина од анализираните примероци покажале дека соларниците се контаминирани.
Полни со бактерии се и рабовите на чашите на кои биле пронајдени повеќе видови на бактерии, вклучително и оние поврзани со туберколоза.

Интересно, помалку отколку кај менијата, бактерии се пронајдени и на чешмите и кваките од тоалетот.
Како да се заштитите од потенцијалните инфекции? Седенете, нарачајте храна, а потоа дваесетина секунди мијте ги рацете со топла вода и сапун пред јадење, советува Daily Mail

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1