Халуцинациите се мошне чести кај болните од шизофренија, манија, посттрауматски пореметувања, делирум, деменција и други.
Други причини можат да бидат интоксикација или употреба на дроги како марихуана, ЛСД, кокаин, крек, хероин или алкохол. Некогаш халуцинациите се јавуваат и кај тешки болести како што се инсуфициенција на бубрезите и црниот дроб и тумори на мозокот.
Клиничка слика
Најчести и типични се слушните халуцинации, особено слушањето на гласови. Се работи за гласови кои ги слуша само болниот. Најчесто гласовите меѓусебно разговараат, го коментираат однесувањето на болниот, даваат совети и го критикуваат болниот. Гласовите може да наредуваат па тогаш станува збор за императивни халуцинации.
Поретки се и видните халуцинации, што значи дека таа личност гледа работи кои што не постојат, на пример може да види некоја необична светлина, чудовишта, луѓе, предмети и слично.
Постојат и телесни халуцинации што значи дека пациентите имаат чувство на сензации по телото кои не се предизвикани со прави дразби. Така на пример може да чувствуваат дека внатрешните органи им се распаѓаат или патуваат по телото, дека им поминува струја по нозете и слично. Најретки се халуцинациите со мирис и вкус.
Дијагноза
Се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, неуропсихијатрискиот преглед, лабараториските анализи, рентгенографијата, CT (компјутеризирана томографија) и NMR (нуклеарна магнетна резонанца) на мозокот.
Терапија
Се лекува основното заболување кое ги предизвикало халуцинациите. Кај шизофренијата се применуваат антипсихотици. Класичните антипсихотици ги ублажуваат позитивните симптоми на шизофренијата, односно халуцинациите и чудните идеи