Mount Doom, Einstein Crater и Arrakis Plains: Нај „geeky“ имиња на места во Сончевиот Систем


Древните цивилизации ни ги дале имињата на планетите во нашиот сончев систем. Но како што модерните научници стануваат позапознаени со овие тела и нивните месечини, се јавува потреба од имиња за карактеристиките на нивната површина.

Следејќи ја традицијата на именување на планетите по грчки и римски божества, повеќето имиња на места во Сончевиот систем доаѓаат од митологијата. Така, планините, кратерите, долини, и други геолошки карактеристики на Венера се именувани според божицата на небото, божицата на водата, пустината, војната  или  љубовта, судбината, среќата и плодноста.

Но се чини дека на астрономите им е здосадено се уште да се служат со митолошки имиња. На крајот на краиштата, научниците се geeky како и секоја дрога nerd-субкултура и сакаат да искористат помалку познати имиња од нивните омилени книги или пак да му посветат кратер на нивниот омилен херој.

Така, на 13-ти Ноември, Интернационалната Астрономска Унија (IAU), го крсти врвот на месечината на Сатурн, Титан – Mount Doom. Според серијалот „Господарот на Прстените“, оваа планина лежи во срцето на Мордор и е единствено место каде што прстенот може да биде уништен.

На оваа месечина се наоѓа и регионот Xanadu кој е именуван според легендарната палата во поемата Colerige, на Самуел Тејлор. Титан има места кои се крстени според митовите на Толкин и Дуна серијалот на Франк Херберт.

За да дојдат до такви имиња, членовите на една група од IAU се договараат на одредена тема – да речеме, да се именуваат сите кратери на месечината на Јупитер, Еуропа, според Келтски божества и херои. Се креираат мапи, се предлагаат имиња, се прегледуваат, се дебатира и на крај евентуално се потврдуваат имињата за да се објавуваат online.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1