Македонското знаме ќе е најголемо – скопска фирма прави јарбол колку зграда од 20 ката


Македонска компанија лее гигантски јарбол на кој ќе биде поставено најголемото македонското знаме на граничниот премин Деве Баир, пишува весникот Вест.

Информацијата им ја потврдиле и од службата за општи и заеднички работи на Владата. Треба да се излее 60 метарски јарбол кој ќе биде најголемиот на Блаканот.
Во моментов на Деве Баир македонското знаме се вее на 30 метарски јарбол, а од неодамна, Бугарите своето знаме го поставија на 45 метарски јарбол, 15 метри повисок од нашиот.

Компанијата која го изработува јарболот сакала да тоа да биде подарок за Република Македонија, во знак на благодарност за тендерот на која Владата ја избрала за изработка на сите останати јарболи низ државата. Фирмата покрај овие работи била ангажирана и на дел од проектите во Скопје 2014, па оваа атракција на граничниот премин, граѓаните нема да ги чини ниту еден денар.
Јарболот ќе биде поставен на височинка па доколку Бугарите сакаат нивното знаме да се вее над нашето, ќе моа да изработат јарбол со 75 метри висина.
Поставувањето на јарболот ќе биде вистинска градежна мајсторија ако се има предвид дека 60 метри е колку зграда со над 20 ката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1