Црквениот хотел ,,Изгрев,, даден на 50 години на „Фибула травел“?


Македонската православна црква донела одлука хотелот „Изгрев“,  да  и го изнајми на туристичката агенција „Фибула травел“  за период од 50 години, пишува „Вест“.

Договорот, како што се наведува во текстот, ќе можат да го користат туристи, а меѓу првите кои во него ќе престојуваат ќе бидат гостите од Холандија.

Митрополитот Тимотеј, портпарол на МПЦ, изјавил дека не е запознаен со случајот, а од Скопската епархија, засега не ги коментираат информациите.

Според информациите на „Вест“, во близина на хотелот веќе е поставена монтажна куќичка за градежните работници кои наскоро ќе почнат со ревитализација на овој  хотелски комплекс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1