Ја распарчил и зготвил сопругата? (Фото)


Фредерик Хенгл, 68 годишен пензионер од Калифорнија е осомничен дека си ја убил сопругата, а потоа ја распарчил и ги зготвил деловите од нејзиното тело.

Го пријавиле соседите кои реагирале дека од неговата куќа се шири неподнослива реа. Кога полицијата дошла пронашла делови од телото на 73 годишната Ана Фарис.

Во куќата е пронајден и лонецот во која се готвеле деловите од телото како и локви крв во тоалетот каде полицијата претпоставува дека било расекувано телото. Главата пак ја нашле во замрзнувачот во ќеса.

Фредрик на судењето се појавил мирен и негирал дека ја убил жената. Нема знаци на канибализам, но поради грозоморноста на убиството тој ќе остане во притвор до судењето. Судот бара 5 милони долари кауција ако сака да се брани од слобода. Неговите адвокати побарале и вештачење за менталното здравје на старецот.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1