5 скопјани си мамеле по фирми и заработиле 5.000 евра – фатени се


Пет скопјани измамиле четири фирми од Скопје и Штип претставувајќи се лажно како застапници на правни лица и со лажна документација подигнувале трговска стока. Притоа успеале нелегално да заработат околу пет илјади евра.


Одделението за перење пари и финансов криминал, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Д. (43) поради основано сомнение дека сторил кривични дела “измама“ и “употреба на исправа со невистинита содржина“ потоа против Р.П. викан “Боби“ (44) и З.М. викан “Зија“ (41) порадо основано сомнение дека сториле кривично дело “измама“ како и против лицата В.Ѕ. (42) и М.М. (46) поради основано сомнение дека сториле кривично дело – “помагање“.

Од страна на Истражен судија, на Р.П. и З.М. им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, додека на С.Д. и М.М. им е одредна мерка домашен притвор во траење од по 30 дена.
пријавените во периодот од април до септември оваа година, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, лажно претставувајќи се како застапници на правните лица “БОСЕРОН“ Неготино, “РИМ ПРОМЕТ“ Скопје и “ЕУРО ГРАНД ПРОМ“ Скопје со издавање на лажни банкарски вирмани подигнувале разна трговска стока на кој начин ги доведувале во заблуда одговорните лица на четири правни лица од Скопје и Штип, при што ги оштетиле истите за вкупна сума од околу пет илјади евра.

Пријавените лажно претставувајќи се дека се од наведените фирми порачувале стока (преден браник за возило Астра ГТЦ, 40 кутии јајца, 600 килограми пастеризирано кравјо сирење и 5000 килограми брашно т-400) од оштетените фирми, по што подоцна се враќале во фирмите со фалсификуван банкарски налог наводно од Комерцијална Банка АД Скопје и Халк Банка АД Скопје со лажен банкарски печат. Потоа, од страна на оштетените фирми стоката ја подигнувале со различни моторни возила.

Откако од страна на оштетените фирми било констатирано дека за подигнатата стока нема уплати на нивните банкарски сметки, пријавиле во полиција, по што од одоговорните лица е извршено препознавање на пријавените по фотографии.
Од извршените проверки во Централниот регистар утврдено е дека сопственик на фирмата “ЕУРО ГРАНД ПРОМ“ е првопријавениот, а правните лица “БОСЕРОН“ и “РИМ ПРОМЕТ“ не се евидентирани во базата на Централниот реистар.
Лицата биле и претходно пријавувани за слични или исти кривични дела, односно во јуни годинава против нив била поднесена пријава за истите кривични дела извршени на истиот начин при што оштетиле пет правни лица за сума од 866.941 денари или околу 14 илјади евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1