Г.Г.Стефан: Инцидентите не се ниту наивни ниту случајни


Поглаварот на македонската православна црква, Архиепиското охридски и македонски Г.Г. Стефан  го искажа своето незадоволство од серијата настани поврзани со прославата на 100-годишнината од албанската независност, пишува Нова Македонија.

– Храмовите наши им се првите цели по кои нишанат и гаѓаат по нас. Време е за поголема будност но и за сериозни испитувања на тоа кон што носат однесувањата кои не се ни наивни ни случајни. Како да се разбере палењето на знаме на некоја институција или држава, претепување на невини граѓани во автобуси и на улица. Во овој момент би апелирал до сите кои се задолжени да го чуваат редот и да превземат мерки. И посетата на Премиерот Груевски беше искористена за да го гаѓаат со јајца и шишиња.  Дали и тоа е во чест на знамето на 100 годишнината од славењето – рече Г.Г. Стефан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1