Тепачка кај Буњаковец во Скопје, еден полицаец повреден


Жестока групна тепачка имало вчера кај трговскиот центар Буњаковец во Скопје, во која биле користени безбол-палки и други предмети, а при интервенцијата на полицијата бил повреден и еден полицаец, јавува Мкд.мк.

Тепачката се случила околу 9 часот утрото кога од засега непознати причини се судриле две спротивставени групи. На местото на тепачката пристигнале припадниците на полициската единица Алфа, и при обид да ја спречат, лицето О.О. нападнал еден полицаец и му нанел повреди во пределот на вратот.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1